Албанското Министерство за здравство синоќа соопшти дека поради компликации предизвикани од вирусот Ковид-19 починал 71-годишен маж од градот Кучово, што е трет смртен случај од вирусот.

Пациентот починал во болница во Тирана, каде што бил сместен пред една недела, и имал напреден карцином на белите дробови покрај коронавирусот.

Во Албанија 89 луѓе се заразени со новиот коронавирус.

Досега тројца од пациентите се излекуваа.

Првата жртва од коронавирусот во Албанија беше 73-годишна жена од Драч, која почина на 11 овој месец. На 18 март почина 66-годишен маж од Љушња последната ,третата жртва мажот од Кучово.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2020 10:51