Сезоната во НБА лигата е во прекин, најмалку, до 9 април, но потпретседателот на Њу Орлеанс, Дејвид Грифин смета дека првенството ќе продолжи и заврши со промоцијата на новиот шампион.

-Се се менува многу брзо, но моментно е рано да се зборува за кошарка. Знам дека НБА е многу оптимистичка за продолжението на сезоната и откажувањето воопшто не е опција. Се разгледуваат останати сценарија, а диверзија, секако, ќе ни биде потребна во еден момент во блиска иднина. Се додека не дојдеме до точка дека сме безбедни од коронавирусот, кошарка ќе нема. Се надевам дека што поскоро ќе ги исчистиме вирусот, рече вториот човек на „Пеликанси“.

Њу Орлеанс вчера објави дека го задржува Брендан Инграм.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2020 01:24