Тројца припадници на Армијата биле полесно повредени откако синоќа од патот излетало возило на МВР, марка „Рекстон“. Возилото излетало од патот кај месноста викана Лгот, на регионалниот пат Гевгелија-Богданци.

Во возилото кое било управувано од полицискиот службеник Б.Ј., се превезувале шест припадници на Армијата кои биле на помош на полициската станица на граничниот премин „Богородица“.

Тројцата припадници на Армијата се здобиле со полесни повреди и веднаш биле пренесени во Општата болница во Гевгелија, каде им била укажана лекарска помош.

Јавен обвинител и екипа од гевгелиската полициска станица извршиле увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2020 12:50