Басконија е шестиот шпански кошаркарски клуб и втор Евролигаш по Барселона, во кој е неизбежно намалување на платите поради предизвиканата криза со новиот коронавирус.

Кога ситуацијата ќе се нормализира, играчите и сиот персонал повторно ќе заработува согласно потпишаните договори.

На таков чекор во Шпанија, пред Басконија и Барселона, се одлучија и екипите на Фуенлабрада, Естудијантес, Манреса и Сарагоса.

Во земјата постои закон според кој, поради криза, клубовите може да ги намалат примањата на нивните вработени на одредено време за намалување на економските последици.

Барселона, на пример, донесе одлука за намалување на платите на кошаркарите за 70 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2020 14:12