Сопственикот на Њујорк Никс, Џејмс Долан е заразен со новиот коронавирус, објавија американските медиуми.
Тој на почетокот на неделата се тестирал откако имал благи симптоми и сега е во самоизолација.
Долан на 8 март го гледаше натпреварот на Никси против Детроит во „Медисон Сквер Гарден“, а подоцна беше дијагностициран Ковид-19, кај играчот на Пистонси, Кристијан Вуд.
Освен Долан, засега нема позитивни кошаркари на Њујорк на новиот коронавирусот.