Унгарскиот Парламент го одобри денеска предлог-законот за одобрување вонредни овластувања на Владата на премиерот Виктор Орбан за време на пандемијата на коронавирусот.
Предлог-законот беше изгласан од партијата Фидес на Орбан и други поддржувачи на Владата, па затоа беше усвоен со 137 гласови „за“ и 53 „против“.
Беа потребни 133 гласови за да се донесе законот.
Унгарија прогласи вонредна состојба на 11 март поради ширењето на вирусот, од кој досега се заразени 447 лица, и 15 смртни случаи.