Европската комисија денеска соопшти дека нема докази оти лекот за кој американскиот претседател Доналд Трамп зборувал за Ковид-19 е ефикасен против болеста предизвикани од новиот коронавирус.

Трамп претходно изјави дека лекот против маларија, хидроксихлорин може да биде меѓу „најголемите пронајдоци во историјата“, поради неговиот ефект врз Ковид-19.

– Ефикасноста на хидроксихлоринот во третманот на пациенти со Ковид-19 не е докажана до денес, рече портпаролот на Европската комисија. Тој додаде дека нема докази ниту дека хлорокин,што исто така се користи за лекување на маларија, е тестиран за лекување на коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2020 22:57