Претседателката на Косово, Вјоса Османи му го честита Денот на независноста на нејзиниот колега од Сиера Леоне, Џулиус Маада Био, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на платформата „Х“, Османи на Био му ја честита 63-годишнината од прогласувањето на независноста на Сиера Леоне од британскиот колонијализам, додека медиумите во Приштина потсетуваат дека во 2020 година Србија тврдеше дека западноафриканската држава го повлекла признавањето на независноста на Косово.

„На Денот на независноста на Сиера Леоне, ги упатуваме нашите најдобри желби до претседателот Јулиус Маада Био и народот на Сиера Леоне. Се надевам дека иднината ќе донесе просперитет, мир и континуиран успех за вашата живoписна (вибрантна) нација“, напиша Османи.

Властите во Приштина во март 2020 година го негираа тврдењето на Белград дека Сиера Леоне го повлекла признавањето, а за нешто такво немаше официјална потврда ниту од Фритаун, престолнината на Сиера Леоне.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2024 16:57