Раководителите на НБА предлагаат платите на играчите да се намалат за 50 проценти поради паузата во сезоната поради пандемијата од коронавирус. Ова го објави на Твитер новинарот Шемс Чаранија. Намалувањето се очекува да стапи на сила од 15 април.

Синдикатот на играчите, од своја страна, бара намалување на платите од 25 проценти, почнувајќи од мај. И двете страни разговараат за опцијата во случај преостанатите натпревари во регуларната сезона во НБА да бидат откажани.

Според програмата, регуларната сезона во лигата требаше да заврши на 15 април, кога беше следната исплата од клубовите до играчите.

Поради пандемијата од коронавирус, средбите во НБА беа прекинати на 11 март, по позитивниот тест на центарот на Јута Џез – Руди Гобер.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2020 10:57