Пандемијата од коронавирус го зафати целиот свет. Двократниот шампион во НБА, Пау Гасол го сподели своето мислење за тоа што се случува на глобално ниво пред „Плејерс трибјун“.

Тој не пропушти да каже неколку зборови за неговиот добар пријател Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа кон крајот на јануари.

– Тој гледаше на несреќата како на одличен учител и можност да расте. Навистина ми недостасува деновиве и работите што тој ме научи, сега звучат помоќни од кога и да било во умот и срцето. Овој менталитет ни треба во моментов. Можеби не контролираме многу, но сепак имаме избор. Начинот на кој реагираме на пандемијата и последиците однеа ќе го одреди овој момент во нашата историја. Дали ќе излеземе благодарни и обединети или огорчени и поделени, зависи од нас, вели Гасол.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2020 18:09