Извршниот комитет на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), на видео состанок одлучи да направи неколку битни измени во календарот за големите натпреварувања. Пред се олимписките квалификации, како и датумот на одигрување на наредниот Евробаскет. Генералниот секретар на Адреас Заглис изрази благодарност до националните федерации на соработката при консултациите околу измените во календарот на големите натпреварувања.

– Многу сум задоволен што во времето на предизвици ФИБА успеа брзо да ги спроведе консултациите и да го потврди ажурираниот календар на сениорските натпреварувања, само две недели после објавата на ИОК за новиот датум на Олимписките игри. Претседателот и јас сме им благодарни на националните федерации, на сите зони и сите останати странки на исклучителната соработка, истакна Заглис.

Тој при одлучувањето се водело сметка календарот да задоволи повеќе критериуми.

– Новиот календар на големите настани на ФИБА ја задржа атрактивноста за навивачите, постигнавме балансиран распоред на врвни настани, притоа водејќи сметка за добробит и достапност на играчите. Се радувам на денот кога кошаркарската заедница ќе може повторно да се врати на теренот.

Од ФИБА порачуваат дека секојдневно се следи ситуацијата поврзаната со пандемијата на коронавирусот, па според проценките, кошаркарските натпреварите ќе продолжат кога ситуацијата ќе го дозволи тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2020 00:20