Кошаркарот на Оклахома, Крис Пол, кој истовремено е и претседател на синдикатот на играчи, рече дека безбедноста е врвен приоритет во контекст на пандемијата на коронавирус.

– Без разлика колку ни недостасува кошарката и колку и да сакаме да играме, безбедноста е пред сè за нас сега најважна. Не само безбедноста на нашите играчи, туку и на сите како целина. Останете дома, порача Пол.

НБА лигата како и најголемиот број првенства ширум светот се прекинати и не се знае кога ќе продолжат.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2020 12:19