Кошаркарот на Оклахома, Крис Пол, кој воедно е и претседател на синдикатот на играчи во НБА, вети дека неговите колеги пред да ја продолжат прекинатата сезона 2019/20, ќе добијат доволно време да се вратат во својата форма.

– Не знам дали има точен број на денови во оваа ситуација. Но, јасно е дека ќе биде потребно многу време. Различни играчи се во лигата, од 18-годишна возраст до оние над 30 години. Дури и ако некој смета дека може да се добие во форма до одреден датум, тогаш не сите се во иста ситуација.

Ќе разговараме за ова. Гарантирам дека момците нема да одат на натпревари ако не чувствуваат дека добиле доволно време да се подготват, изјави Пол.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2020 11:08