Објавувањето на новата книга за династијата на Голден Стејт Вориорс на Итан Штраус доведе до зголемени дискусии за влијанието на Кевин Дурант.

Штраус во книгата откри дека Дурант не бил задоволен од вниманието кон Стеф Кари од страна на навивачите и исто така рече дека медиумите му го „бакнувале задникот на Стеф“.

За ова прашање зборува и поранешниот соиграч на Дурант во Оклахома, Кендрик Перкинс, кој специјално се обратил кон Дурант за да му рече да престане да одговара на медиумите.

– Кевин, јас те замолувам – престани да одговораш на медиумите. Секако дека Стеф ќе ги собере сите пофалби. Тој беше двократен МВП пред Дурант да дојде кај „воините“. Кеј Ди знаеше дека прифаќа предизвик кога се приклучи на тимот Тој знаеше дека е најдобриот играч на тимот, но тоа е екипата на Стеф од самиот почеток. Тоа секогаш ќе биде тим на Стеф Кари. Затоа, Кари ја добива таа поддршка. Кевин, ти беше човекот што добиваше критики кога играше лошо, но на крајот им помогна на „Воините“ да освојат две титули, освои две МВП награди во финалето и сега си подготвен за следниот предизвик. Едноставно остави ги работите на тој начин. Тимот засекогаш ќе остане со Стеф Кари, тоа е што е“, изјави поранешниот центар во етерот за „Скок“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2020 13:00