Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин говореше за врската помеѓу Чикаго Булс од 90-тите и тимот од Калифорнија во изминатата деценија.

– Двете најголеми тима во историјата се изградени на лоши договори. Во сезоната 1997/98 година, Скоти Пипен заработи 2,8 милиони долари, со својата плата беше на 122-то место во лигата. Лидерот на Голден Стејт, Стеф Кари од 2013 до 2017 година доби 11 милиони по сезона, истакна Грин.

Чикаго предводен од Мајкл Џордан доминираше во последната деценија од минатиот век, додека Голден Стејт со Кари во составот освојуваше титули и играше финалиња во НБА лигата минатата декада.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2020 22:39