Кошаркарот на Хјустон, Расел Вестбрук беше гостин во „Вечерно шоу со Џими Фелон“, каде соопшти дека може да игра во случај на продолжување на сезоната во НБА лигата.
За време на разговорот, водителот го праша Вестбрук за одржување на физичката кондиција. Особено, Фалон праша дали играчот ќе биде подготвен да игра доколку сезоната продолжи летово веднаш од фазата во плејофот.
– Јас сум секогаш подготвен, Џими. Секогаш! – одговори Вестбрук.
НБА лигата ја прекина сезоната на неодредено време поради коронавирусот.