Кошаркарот на Армани Милано, Серхио Родригез смета дека сезоната во Евролига суспендирана поради коронавирус нема да завцрши.

– Во моментов, јас сум малку песимист. Не мислам дека Евролигата ќе биде продолжена. Ова е многу тешко да се спроведе, бидејќи на натпреварот учествуваат неколку екипи надвор од Европската унија, како и поради големиот број Американци кои не биле во Европа веќе подолго време. Мислам дека нема да има време да ја продолжиме сезоната, изјави Родригез.

Според најавите можно е преостанатите натпревари да се одиграат од 4 до 26 јули во алтернативен формат.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 00:34