На состанокот одржан денеска по електронски пат беше реализирано гласањето од страна на клубовите учесници во Македонското кошаркарско првенство околу предлогот на федерацијата „Да не се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи“.

Четири клуба, КК Работнички – Скопје, КК Гостивар-Гостивар, КК Вардар-Скопје и КК Куманово 2009-Куманово се произнесоа да не се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи.

Три клуба, КК МЗТ Скопје Аеродром АД-Скопје, КК МЗТ Скопје Уни-Банка-Скопје, и КК ФМП Академија-Скопје се изјаснија за предлогот: КК МЗТ Скопје Аеродром АД да се прогласи за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи.

Три клуба, КК Еуро Никел 2005-Кавадарци, КК Кожув-Гевгелија и КК Пелистер-Битола беа воздржани во гласањето по предлогот од страна на федерацијата.

– Резултатот на ова гласање раководството на КФСМ ќе го формулира како дефинитивен предлог и ќе го стави пред членовите на Управниот Одбор на КФСМ кој треба да ја донесе конечната одлука за заклучување на натпреварувањето во Првата лига-мажи за сезоната 2019/2020, соопштија од федерацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2020 14:32