Членот на „Куѓата на славните“ Џејмс Ворти, се приклучи на дебатата за најдобриот играч на сите времиња, избирајќи помеѓу Леброн Џејмс и Мајкл Џордан.

– Тежок избор, секој од нив е добар. Никогаш не сме виделе играчи со физички предиспозиции на Леброн Џејмс. Тој беше таков од самиот почеток и може да започне да игра во НФЛ во моментов. Ако сепак треба да направите избор, тогаш ќе се фокусирам на Џордан, затоа што играв со него. Знам каков играч – убиец беше. Не сум сигурен дали некој друг во лигата беше исто толку упорен. Ми се допаѓа Леброн, но ќе го изберам Џордан, затоа што тој еднаш ме избра мене, изјави Ворти.

Во 80-тите години, Џордан се приклучи на Северна Каролина, чиј лидер беше Ворти.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2020 11:06