Основното јавно обвинителство Тетово обвини четири лица поради непочитување на полицискиот час.

Обвинетите, соопштија од ОЈО Тетово, се движеле пеш или со возила низ градот, во време кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија. Со тоа дејствие, обвинетите го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

За обвинетите, Основното јавно обвинителство Тетово со Предлогот за издавање казнен налог побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2020 15:16