Германската кошаркарска лига (ББЛ) ги избра четирите града каде е можно да се доигра сезоната прекината поради пандемијата.

Во случај на продолжување на сезоната, главен кандидат за домаќин на натпреварите е Минхен, а во опција се и градовите Бон, Франкфурт и Берлин.

Претходно учесниците во врвната дивизија на германскиот шампионат се согласија да ја завршат сезоната 2019/20 со десет екипи, под услов здравствените власти да дозволат натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2020 11:54