Инсајдерот на „ЕСПН“ Брајан Виндхорст изјави дека три НБА тимови не сакаат да се вратат во тренинг-базите во блиска иднина.

Претходно беше познато дека лигата планира да им овозможи на клубовите да ги отворат своите центри за индивидуално тренирање на играчи од 8 мај.

– Зборував утрово со луѓе од два тима кои се во државите каде го ублажија режимот на изолација. Овие екипи немаат намера да ги отворат своите капацитети за обука в петок. Еден човек од друг тим ми рече дека клубот интервјуирал кошаркари со „Зум“, а повеќето од нив се изјасниле дека се против отворањето на базата, рече Виндхорст за ЕСПН.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2020 14:26