Натпреварите во Бундеслигата ќе продолжат на 16 мај, изјави Кристијан Фолк, шеф на фудбалската редакција на „Билд“.

– Најновото решение е: нема да има натпревари во петок (15 мај). Бундеслигата започнува в сабота, 16 мај, напиша Фалк на Твитер.

Информациите подоцна ги потврди извршниот директор на Бундеслигата, Кристијан Сејферт, на прес-конференција.

Еден од првите натпревари на 16 мај ќе биде средбата на Дортмунд Борусија и Шалке.

Претходно, продолжувањето на сезоната во Германија беше официјално одобрено од властите.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2020 15:13