Сè уште нема ништо официјално за продолжување на сезоната во НБА, но комесарот Адам Силвер даде некои појаснувања.

Во случај на враќање, играчите ќе бидат тестирани секој ден за коронавирус, а доколку има некои позитивни, сезоната нема да запре повторно. Ова самиот Силвер го кажал во синоќешниот разговор со Здружението на играчи.

Исто така, можно е навивачи да нема на трибините до крајот на оваа сезона и за време на следната.

Доколку се донесе таква одлука, тоа ќе чини 40 отсто од буџетот во НБА, но ќе овозможи да се играат натпревари.

Исто така, стана јасно дека ако сезоната продолжи, се разгледуваат две дестинации – „Дизни Светот“ во Орландо и Лас Вегас.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2020 12:16