Доколку сезоната продолжи во НБА лигата, раководството во лигата нема повторно да го суспендира во случај некој од кошаркарите се зарази со коронавирусот, пренесува „Еурохопс“.

Комесарот на НБА, Адам Силвер, оствари разговори со синдикатот на Лигата за продолжување на сезоната и почетокот на следната.

Според Силвер, лигата не планира повторно да ја прекине сезоната доколку, по нејзиното продолжување, се најде коронавирус кај еден од кошаркарите. Исто така, шефот на НБА лигата истакна дека продолжувањето на сезоната може да се случи не порано од јуни. Веројатно, лигата ќе го заврши првенството во две арени – во Орландо и Лас Вегас.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2020 23:40