Членот на „Куѓата на славните“ на ФИБА, олимпискиот шампион Евгениј Гомељски смета дека тимовите нема да бидат рамноправни при евентуално рестартирање на Евролигата.

– Очигледно е дека ако сезоната на Евролига-2019/20 продолжи, тогаш тимовите нема да бидат рамноправни. Некои клубови веќе тренираат, а руските екипи ЦСКА или Химки во најдобар случај ќе можат да се соберат во целосен состав кон средината на јуни. Значи, нивото на обука ќе биде сосем различно и нема потреба да се зборува за каква било правда, изјави Гомељски.

Легендарниот поранешен руски селектор побара крај на сезоната.

– Ние веќе мора да се помириме со крајот на евролигашката сезона 2019/20 и да се фокусираме на подготовките за следната.

Во блиска иднина, раководството на елитното кошаркарско натпреварување ќе одлучи дали ќе ја продолжи сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2020 13:28