Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа имаше телефонски разговор со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Помпео и Пленковиќ во разговорот го истакнале значењето на трансатлантската соработка и борбата против Ковид-19.

Тие разговарале и за начините како да се засили билетаралната соработка во областа на одбраната.

Помпео и честитал на Хрватска за нејзиното претседателствување со Советот на Европска Унија, вклучително и за фокусот на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, се истакнува во соопштениото на Стејт департмент.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2020 10:38