Започна процесот на аплицирање за кошаркарската Лига на шампиони за сезоната 2020/2012 година и некои големи европски клубови веќе се регистрираа да играат во петтата сезона од ова натпреварување, со тоа што неколку шампиони и водечки клубови низ целиот континент сакаат да се приклучат.

Паралелно со планирањето на осминафиналето од сезоната 2019/2020, што ќе се одржи од 30 септември до 4 октомври, Лигата на шампионите го отвори процесот на прифаќање на клубовите во сезоната 2020/2021, а неколку клубови веќе потврдија дека ќе играат во ова натпреварување.

Дарушафака ќе го направи своето деби овој октомври, по солидната сезона во турскиот шампионат. Клуб кој има силни домашни и европски резултати (освои две турски првенства и Еврокупот во 2018 година) како и второпласираниот тим оваа сезона во Купот на Турција.

Во Шпанија, Билбао реши да се пријави за натпреварувањето, откако обезбеди место во плеј-офот и место во четвртфиналето на Кралскиот Куп во АЦБ-лигата.

Литванскиот клуб Ритас од Вилнус е еден од новите клубови во натпреварувањето. Клубот има импресивни рекорди со пет литвански првенства и два УЛЕБ купови.

– Со задоволство ги поздравуваме овие врвни клубови, кои играат во некои од најсилните лиги во Европа, во Лигата на шампионите и убеден сум дека тие ќе донесат нешто посебно оваа сезона – рече генералниот директор на натпреварувањето, Патрик Комнинос.

Нивното присуство, според него, го потврдува успешниот раст и развој на конкуренцијата и изрази задоволство дека се повеќе клубови се убедени во пан-европската природа на Лигата на шампионите и нејзиниот фокус да се создаде големо меѓународно натпреварување засновано на резултатите од клубовите.

– Презадоволни сме што гледаме се повеќе клубови со амбиции да го освојат големиот европски трофеј и тоа што тие ја одбраа ЛШ да ги остварат своите соништа, заврши Комнинос.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2020 00:51