Ветеранот во НБА, Винс Картер, го смести Леброн Џејмс на третото место на списокот на врвни играчи, веднаш зад Мајкл Џордан и Коби Брајант.

Картер го кажа условот под кој Џејмс ќе го помине Брајант на неговата листа.

– Ако Леброн повторно стигне до финалето … Тогаш тој ќе заслужи уште поголема почит кај мене. Двоцифрениот број на финалиња, тоа е „лудо“, изјави Картер.

Џејмс има девет НБА финалиња, во кои три пати стигнувал до шампионскиот трофеј (со Мајами 2012 и 2013 година и со Кливленд во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2020 14:46