Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони изјави дека не ги сака споредбите помеѓу Леброн Џејмс и Мајкл Џордан.

– Не ми се допаѓа сето ова. И ова го велам затоа што не го цениме она што се случува пред нашите очи. Секој пат кога ќе ги споредите старата школа и новата школа, се прашувам, зошто не можеме само да го цениме она што секој дава допринос за развојот на оваа игра?

Разбирливо е дека Мајкл е најголемиот играч во историјата. Сите го знаеме тоа. Зошто да не го кажеме ова, но во исто време да искажеме благодарност до Леброн додека тој е тука? Зошто да не речеме: МЈ беше одличен, Леброн беше одличен, Коби исто така одличен? Ние треба сега да зборуваме гласно затоа што ова е наше, изјави Ентони.

Во последно време, по документарецот „Последниот танц“ за Чикаго Булс во ерата на Џордан, зачестија дилемите во јавноста дали Мајкл е подобар од Леброн.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2020 13:32