Поранешниот НБА кошаркар Стив Неш ќе влезе во „Куќата на славните“ во Канада.
Неш е осумкратен учесник во НБА Ол-стар дуелите, двократен МВП и трет по број на асистенции на вечната листа во историјата на НБА.
Во 2018 година, Неш беше вклучен во „Куќата на славните – Најсмит“.
Неш во својата дведецениска кариера има настапувано за Феникс санс, Далас маверикс и Лос Анџелес лејкерс.