Поранешниот кошаркар на Кливленд кавалирс, Џеј-Ар Смит претепа едно лице учесник во немирите во Лос Анџелес. Настраданиот е човек со бела кожа кој ги искршил прозорците на автомобилот на кошаркарот, по што играчот го фатил и го претепал, објави „Clutch Points“

Смит подоцна снимил видео во кое објаснил дека нападнал човек кој извршил акт на вандализам.

Кошаркарот и неговиот поранешен партнерод Кавалирс, Џордан Кларксон, учествуваа на протестите во саботата во Лос Анџелес.

Во неколку градови во САД се одржуваат масовни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2020 13:49