Сопственикот на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос ја критикуваше Евролигата и нејзиниот претседател Жорди Бертомеу.

– Панатинаикос, Олимпијакос и Макаби носат приходи во Евролигата. Евролигата почива на овие клубови. Но , Евролигата конечно има конкурент. Лигата на шампионите е на пат и е во состојба да ја надмине Евролигата. Пред две години, сфативме дека сè уште не се подготвени. Но, сега се спремни за поголеми дострели. За време на последната конференција, претставник на Реал Мадрид рече: „Евролигата без Панатинаикос е невозможна“. Многу почитувано мислење. Ве молам, предадете го на г. Бертомеу, изјави Јанакопулос.

Евролигата го третира Панатинаикос лошо, ова се манифестира во сè. Имаме санкции со кои е тешко да се функционираат. Панатинаикос претрпе безброј „убиства“.Евролигата е црна кутија. Тимовите не знаат каде одат приходите. Евролигата достигна нула, Бертомеу е одговорен за тоа, посочува првиот човек на кошаркарскиот гигант од Атина.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2020 16:49