Грчкиот гигант Панатинаикос испрати писмо до претседателот на Евролигата, Жорди Бертомеу, во кое се изразува намера официјално да го напушти турнирот и да повика процедурите потребни за раскинување на нивниот 10-годишен договор, потпишан во 2015 година, да започнат.

Во писмото испратено од претседателот на клубот, Манос Пападопулос, се наведува дека присуството на клубот на турнирот не било корисно за развојот на тимот. Исто така се вели дека претседателот Бартомеу одбивал да го разгледа ова прашање, повикувајќи се на фактот дека ваквите вести може сериозно да наштетат на преговорите на Евролигата со спонзори, како и негативно да влијаат на самата лига за време на пандемијата.

Веќе неколку недели сопственикот на ПАО, Димитрис Јанакополус се заканува дека ќе ја напушти Евролигата, но претседателот Бертомеу не е особено засегнат од неговите обвинувања. Поради недостаток на очекуван одговор, „детелините“ веќе официјално настојуваат за тоа да се случи и бараат итна акција од Евролигата за решавање на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2020 00:53