Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА) може да се врати ден порано од предвиденото – на 30 јули.

Ова го најави Адријан Војнаровски од „ЕСПН“, а неговиот колега од „АП“, Тим Рејнолдс додаде дека Лигата работи според распоредот на секој тим и сè уште има работи, што треба да се потенцираат.

Како што стана познато пред една недела, на состанокот меѓу комесарот Адам Силвер и Управниот одбор, беше решено да се продолжи сезоната во НБА лигата на 31 јули во забавниот комплекс „Дизни“ во Орландо.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2020 01:18