Десетте лиценцирани клубови од Евролигата – Реал Мадрид, Барселона, Анадолу Ефес, ЦСКА, Олимпија, Фенербахче, Олимпијакос, Макаби, Баскија и Жалгирис – издадоа заедничка изјава во врска со намерите на сопственикот на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос.

Клубовите велат дека нема да толерираат вакви „неосновани клевети“ од бизнисменот, но сакаат Панатинаикос да остане во Евролигата.

– Сите клубови изразуваат силна желба Панатинаикос (Атина) да го продолжи својот пат во Евролигата, бидејќи клубот е составен дел од него во последните 19 години. Клубовите ќе преземат такви активности, според кои сметаат дека се неопходни за да се заштити угледот и интегритетот на нивните колективни и индивидуални територии, како и да се осигури дека клубот целосно ќе ја почитува секоја обврска, кон која се ангажирал како член на групата, се наведува во точка бр.6 од изјавата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2020 15:36