Календарот за сезоната 2020/2021 година во Евролигата и Еврокупот ќе биде целосно готов на крајот на јуни или почетокот на јули. Ова го соопштија од прес-службата на Евролигата.

Сезоната 2019/2020 на турнирот беше прекината предвреме заради пандемијата на коронавирус по 28 од вкупно 34 кола. Ова е првпат во историјата на Евролигата, основана во 1958 година, кога натпреварувњето не заврши.

– Новата сезона е предвидена да започне на 30 септември. Во моментов работиме на календар и за Евролигата и за Еврокупот. Веројатно е дека календарот ќе биде целосно готов до крајот на јуни или почетокот на јули, објавија раководството на турнирот.

18 екипи ќе учествуваат во Евролигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2020 01:35