Кошаркарот на КК Госивар, Ивица Димчевски ја продолжи соработката со клубот за уште две години.

– Еден од играчите со најдолг стаж во Гостивар останува во нашиотклуб. Меѓудругото, главна причина е и играњето пред најдобрата публика во Македонија. Еден од најборбените играчи ќе го гледаме во „Младост“ во наредните 2 години, соопштија од клубот.

Пред една недела и плејмејкерот Александар Костовски ја продолжи соработката со тимот од Гостивар. Како и Димчевски, и тој ќе го носи дресот на гостиварчани уште две години.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2020 01:14