Поради зголемено ниво на водостојот на реките, во седум области во Романија е издаден црвен аларм од поплави, а во 27 е издадено портокалово предупредување за водотеците, соопшти денеска романскиот Институт за хидрологија и водостопанство.

Експертите предупредуваат дека до утре напладне постои можност за поплави, бидејќи е можно зголемување на нивото на реките и потоците, јави агенцијата Аѓерпрес.

Како што се наведува, тој извештај е испратен до надлежните институции.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2020 14:37