Две лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец од терористичката група ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, во турската база за воена обука во Могадишу, главниот град на Сомалија, соопшти локалната полиција.

Ова е прв напад на Ал Каеда врз најголемата турска база во странство, а групата ал-Шабаб веднаш ја презеде одговорноста за смртоносниот напад, објави радиото Ал-Фуркан, кој е под контрола на екстремистите.

Турското Министерство за одбрана го осуди овој терористички напад и соопшти дека ниту еден турски војник не настрадал во експлозијата.

„Ние нема да ги оставиме нашите браќа во Сомалија сами да се борат со терористите“, се наведува во соопштението на турското Министерство за одбрана.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2020 14:40