Дарко Радуловиќ во новата сезона нема да ги предводи кошаркарите на Вардар. Ова денес е објавено на клупскиот Фејсбук профил на „црвено-црните“.

– Вардар е клубот каде ја заврши играчката и воедно ја започна тренерска кариера. Имаше успеси и шампионска титула во младинската лига, обезбеди враќања во елитата од втората лига како и две сезони опстанок во првата лига. Ти благодариме за се што допринесе во овие изминати сезони за нашиот клуб, за целиот вложен труд и успесите. Ти посакуваме успешна сезона во новиот клуб, стои во информацијата на КК Вардар.

Во прекината сезона 2019/20 во македонското кошаркарско првенство, Вардар имаше три победи и 14 порази, доволни за претпоследното, 9. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2020 23:51