Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако го продолжи на уште една година договорот со клубот од „Јане Сандански“.

За 23-годишниот крилен центар ова ќе биде четврта сезона во Аеродром, каде што првпат дојде во август 2017 година. Маслинко беше дел од тимот што стана шампион во 2019 година, како и што дојде до пехарот во Купот на Македонија една година претходно.

Од денес и официјално нов член на МЗТ Скопје Аеродром е 24-годишниот Филип Бакоч кој потпиша едногодишен договор со „сино-белите“.

Засилување има и за стручниот штаб на МЗТ каде се приклучува досегашниот тренер на Вардар, Дарко Радуловиќ, кој во иднина ќе ја има функцијата помошник на првиот стратег Ѓорѓи Кочов.

Претходно, договорот со МЗТ Скопје го обновија капитенот Дамјан Стојановски и тренерот Кочов, а под обврска од минатата сезона се и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2020 12:41