Најмалку девет лица загинаа кога циклон го погоди јужниот дел на Бразил, каде што предизвика и поплави.
Според официјалните претставници на цивилната заштита, девет лица починале вчера во сојузната држава Санта Катарина, додека две лица се водат како исчезнати.
Повеќе од 700.000 луѓе останале без електрична енергија.
Во сојузната држава Рио Гранде де Сул евакуирани се повеќе од 1.100 луѓе.
Властите предупредуваат дека силниот ветер ќе продолжи да дува и денеска, како и дека е можно да дојде до поплави во јужните крајбрежни региони.