Вкупниот број на заразени лица со Ковид-19 на африканскиот континент денеска се зголеми за 13.018 на вкупно 403.692, додека бројот на смртни случаи се зголеми за 354 на вкупно 10.126 жртви.

Според податоците на Светската здравствена организација, бројот на излекувани лица достигнал 190 илјади.

Најголем број заразени има во Јужна Африка – 151.209 и 2.657 смртни случаи.

Египет има најголем број регистрирани смртни случаи – 2.953, додека во Алжир од Ковид-19 починале 912 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2020 23:36