Првиот човек на украинската Централна банка, Јакив Смолиј, си поднесе оставка, потенцирајќи дека тоа го сторило поради политички притисок, јави ДПА.

„Систематскиот“ притисок не ми дозволуваше соодветно да ги извршувам своите должности, напиша Смолиј на Твитер.

Во своја посебна изјава и членовите на Централната банка ја споделија оценката на гувернерот Смолиј.

Смолиј ја предводи оваа независна банкарска институција од март минатата година.

Неговиот наследник ќе го предложи претседателот Володимир Зеленски и ќе го избере украинскиот Парламент.

Според аналитичарите, оставката може да ја загрози независноста на банката, а со тоа и нејзината соработка со меѓународни донатори како што е Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува германската агенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 10:17