Новинар и снимател на локалната телевизиска мрежа во Ла Сеиба беа убиени вчера од истрели од огнено оружје додека ја вршеле својата работа, наведуваат полициски извори.

Герман Валесил (41), новинар и Хорхе Посас (27), снимател кој работел за телевизијата Канал 45, биле застрелани од непознати напаѓачи додека возеле во Ла Сеиба, третиот по големина град во Хондурас, на 280 километри северно од главниот град Тегусигалпе, соопшти полицијата.

Меѓународните организации за човекови права сметаат дека Хондурас е една од најопасните земји во светот и особено опасна за новинарите.

Од 2001 година, во Хондурас се убиени 82 новинари, медиумски работници и сопственици на медиуми.

Властите на Хондурас не се трудат доволно околу истрагите за овие злосторства и повеќе од 90 проценти од нив поминуваат неказнети.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 10:30