Твитер отстрани фотографија објавена од американскиот претседател Доналд Трамп откако весникот „Њујорк Тајмс“ се пожали дека со тоа им го повредил авторското право врз сликата.

Трамп во свој твит од 30 јуни објави фотографија со коментарот „тие не ме бараат мене, туку тебе, а јас сум им на патот“.

„Њујорк Тајмс“ се пожали на објавата бидејќи станува збор за фотографија направена од фотографот на нивниот весник во 2015 година, пренесуваат британските медиуми.

Место фотографијата, сега на тоа место има коментар: Оваа фотографија е отстранета по жалба на сопственикот на авторските права.

Твитер од мај почна да ги проверува објавите на Трамп и оттогаш неколку пати се судри со американскиот претседател, кој им се закани дека ќе го промени законот за оваа социјална мрежа ја направи одговорна пред законот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 10:43