Кина денеска соопшти дека Велика Британија ќе ги сноси сите последици за каков било потег да преземе за да им понуди на граѓаните на Хонг Конг да се населат во Велика Британија.

Кина го задржа правото да постапува против Велика Британија по ова прашање, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Џао Лиџијан.

Тој не прецизира какви контрамерки може Пекинг да преземе.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 12:53