Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо зборуваше за ситуацијата во НБА-лигата.
Сезоната ќе продолжи на 31 јули во Орландо, каде ќе играат во три сали за три месеци. Неговите Милвоки Бакс се први на Исток и имаат најдобар резултат во лигата. Јанис верува и дека оваа сезона ќе се памети долго време.
– Слушнав многу луѓе кои велат дека оваа сезона ќе биде особено незаборавна.Ова ќе биде најтешката титула досега освоена. Играчите се малку „рѓосани“. Ќе видите како играчите ќе ја фрлаат топката на трибините наместо на соиграчите, ќе има многу изгубени топки. Нивото на кое играме ќе расте од меч во меч, како што се прилагодуваме и се враќаме во форма, рече актуелниот МВП.
Најважно, според Гркот, е да се биде ментално подготвен.
– Мислам дека најтешко ќе биде да останеме ментално стабилни. Ќе биде тешко, нема да можеме да го видиме семејството три месеци. Ќе играме без навивачи. Сето тоа влијае на психата. Мора да преминеме преку тоа. Јас веќе се чувствувам како шампион од ова искуство. Кој и да ја освои титулата, ќе биде многу ценет. Ќе биде сè потешко да се стане шампион секоја година. Ќе биде поважно и потешко затоа што во оваа земја се занимаваме со пандемија и разни проблеми, додаде Јанис.