Водачите на Хамас и Фатах, двете ривалски палестински фракции, на денешната виртуелна прес-конференција ги осудија плановите на Израел за анексија на делови од Западниот Брег.

– Зборуваме за заедничка борба, кампања на теренот. Ги повикуваме сите палестински фракции на соработката меѓу Хамас и Фатах да гледаат како на историска можност за заедничка борба за воспоставување палестинска држава и спротивставување на окупацијата на Израел, рече претставникот на Фатах, Џибрил Раџуб во Рамала на Западниот Брег., додавајќи дека Палестина нема друг непријател освен Израел.

Раџуб изрази желба да се отвори нова страница во односите меѓу Хамас и Фатах и ​​да бидат „пример „за народот, затворениците и мачениците“.

Заменик шефот на Хамас, Салах ал Арури, од Либан изјави дека Израел треба да ја почитува палестинската решеност да се спротивстави на анексијата по секоја цена.

– Ако Израел анектира дел од Западниот Брег, без разлика кој, ќе продолжи да анектира уште повеќе. Тоа навестува дека Израел го смета Западниот Брег за суштински израелски дел, рече тој, заблагодарувајќи им се на израелските Арапи, како што ги нарекуваат Израелците, а тој ги нарекува Палестинци, кои се спротивставуваат на планот за анексија.

– Ние сме подготвени да се бориме против израелската окупација на теренот (како и во политичката арена), во селата и градовите. Нашата порака до Израел е дека планот за анексија нема да биде спроведен, рече заменик-шефот на исламискиот екстремистички Хамас, кој управува со Газа.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2020 23:02